СветСвет.Портал

Во експлозија во фабрика за хемикалии во Индија загинаа осум лица, 1 74 се повредени

Најмалку осум работници загинаа, а 74 се повредени откако денеска експлозија предизвика голем пожар во фабрика за хемикалии во Западна Индија, соопштија тамошните власти.

Њу Делхи, 3 јуни 2020 (МИА) – Најмалку осум работници загинаа, а 74 се повредени откако денеска експлозија предизвика голем пожар во фабрика за хемикалии во Западна Индија, соопштија тамошните власти.

Околу 5.000 луѓе од околните села во областа Бхухур, во сојузната држава Гуџарат, се евакуирани како мерка на претпазливост, изјави висок официјален претставник на регионот, МД Модија.

– Осум работници загинаа по експлозија во агро-хемиска фабрика во хемиски резервоар, рече Модија.

Спасувачките служби ги транспортирале повредените работници во болница, каде се утврди дека состојбата на дел од нив е многу сериозна.

Пожарот ја зафати фабриката, а потребни беа десетици пожарникари кои за пет часа успеаја да го стават огнот под контрола. ссм/

Back to top button
Close
Close