СветСвет.Портал

Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 цивили

Во експлозија на бомба, активирана во близина на пат во централниот дел на Авганистан, загинаа 10 цивили, меѓу кои и четири жени и едно дете, потврдија властите во земјата.

Кабул, 13 декември 2019 (МИА) – Во експлозија на бомба, активирана во близина на пат во централниот дел на Авганистан, загинаа 10 цивили, меѓу кои и четири жени и едно дете, потврдија властите во земјата.

Во експлозијата во провинцијата Газни, повредени се и шест цивили, прецизираше портпаролката на Министерството за внатрешни работи Марва Амини.

Настраданите биле во минибус, кога нивното возило наишло на мина. Досега никој не ја презеде одговорноста, но Амини ги обвини Талибанците, кои контролираат поголем дел од регионот. ссм/

Back to top button
Close
Close