0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во две села во Карбинци се санираат улици

Во селата Долни Балван и Горни Балван во Општина Карбинци во тек е санација на локален пат, но и изградба на нови улици. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека во село Долни Балван извршена санацијата на локалниот пат кој што беше оштетен при изградбата на експресниот пат Штип-Крупиште.

Штип, 14 мај 2021 (МИА) – Во селата Долни Балван и Горни Балван во Општина Карбинци во тек е санација на локален пат, но и изградба на нови улици. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека во село Долни Балван извршена санацијата на локалниот пат кој што беше оштетен при изградбата на експресниот пат Штип-Крупиште.

Санацијата ја изведува АД Гранит -фирмата која беше изведувач на градежните работи на експресниот пат. Истовремено од количините гребан асфалт се врши и тампонирање на земјени улици во село Долни Балван, вели Насев.

Со средства од буџетот се асфалтираат и две улици во Горни Балван

Жителите на ова село добија асфалтирани улици после долги години. Средствата во износ од 1.500.000,00 денари се од Буџетот на општина Карбинци, Програма за улици и патишта, рече Насев. вдј/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close