0_Магазин.ПорталПатувања

Во Дубаи веќе се користат кучиња што откриваат коронавирус кај патниците

Животните си ја вршат работата без контакт со патниците. Примероците се земаат од рацете на луѓето и се поставуваат во посебни садови кои им се даваат „на душкање“ на кучињата.

Дубаи, 17 август 2020 (МИА) – Меѓународниот аеродром во Дубаи е првиот кајшто се користат кучиња коишто откриваат присуство на коронавирус кај патниците.

Животните си ја вршат работата без контакт со патниците. Примероците се земаат од рацете на луѓето и се поставуваат во посебни садови кои им се даваат „на душкање“ на кучињата.

Истражувањето покажа точност од 92 отсто на овој метод.

Дубаи е отворен за туристи од јули. Патниците се задолжени да имаат негативен тест за Ковид-19, не постар од 96 часа пред пристигнувањето. си/

Таг
Back to top button
Close
Close