СветСвет.Портал

Во Дубаи почнуваат со работа кафулињата и рестораните

Властите на Дубаи одобрија од денеска да почнат да работат кафулињата, рестораните и трговските центри, но само со 30 отсто од капацитетот.

Дубаи, 23 април 2020 (МИА) – Властите на Дубаи одобрија од денеска да почнат да работат кафулињата, рестораните и трговските центри, но само со 30 отсто од капацитетот.

Рестриктивните мерки остануваат во сила, па работното време на угостителските објекти и трговските центри е ограничено од пладне до 22 часот.

Градските власти ја разгледуваат можноста од 26 април повторно да почне да работи и јавниот градски превоз, вклучувајќи го и метрото.

Во Обединетите Арапски Емирати има повеќе од 8.200 потврдени случаи на коронавирусот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close