БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Драч запленети 26 килограми марихуна во форма на чоколадо

Албанската полиција во пристанишниот град Драч, запленила 26 килограми марихуна преработена во форма на чоколадо.

Тирана, 17 август 2020(МИА) – Албанската полиција во пристанишниот град Драч, запленила 26 килограми марихуна преработена во форма на чоколадо.

Дрогата била открена при вторатата контрола на автобус кој сообраќал на релација Драч- Италија.

Уапсени се три лица, двајцата возачи на автобусот, жители на Пермет и на Тирана и управителот на транспортната фирма, жител на Драч, на вораст од 31, 49 и 59 години.

Освен дрогата, како доказен матерјал запленето е возилото и шест мобилни телефони.

Случајот е предаден на обвинителството во Драч а ќе одговараат за кривично дело„недозволена трговија со дрога во соработка“. вт/ссм/

Back to top button
Close
Close