Дописници МКДОпштински вести

Во десетте општини од југоистокот ќе се прска против комарци

На 24 и 25 овој месец во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира прво прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Струмица, 22 јуни 2020 (МИА) – На 24 и 25 овој месец во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира прво прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Оттаму информираат дека планирани се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари.

На 24 јуни ќе се прска против комарци од 18:00 до 02:00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица. Додека, на 25 јуни ќе се прска во период од 19:00 до 02:00 часот во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во перодите кога ќе се прска.

Во регионот требаше да се прска против комарци на 10 и 11 јуни, но поради лошите временски услови беше одложено. рт/фф/

Back to top button
Close
Close