Дописници МКДОпштински вести

Во Делчевско започна теренската проценка на штетите во опожарените подрачја

Во Делчевско започна теренската посета на опожарените подрачја во кои беа зафатени од пожарите во периодот од 2.08.21 до 7.08.21. Согласно со пријавените штети од граѓаните како што информираа од Општината ќе се проценуваат штетите на 29 објекти согласно со поднесените пријави за процена на штети на градежни објекти.

Делчево, 1 септември 2021 (МИА) – Во Делчевско започна теренската посета на опожарените подрачја во кои беа зафатени од пожарите во периодот од 2.08.21 до 7.08.21. Согласно со пријавените штети од граѓаните како што информираа од Општината ќе се проценуваат штетите на 29 објекти согласно со поднесените пријави за процена на штети на градежни објекти.

-Станува збор за опожарени куќи, викендици и други помошни објекти врз кои процена ќе изврши лиценциран проценител заедно со Општинската комисија за процена на штети од елементарни и други непогоди до која досега вкупно се поднесени 180 пријави од граѓани за штети од пожарите, информираа од Општината.

Оттаму додадоа дека освен штети на градежните објекти, пријавени се и штети на шуми, овошни насади, земјоделска механизација, живина и стока.

-По проценката на опожарените објекти, во наредниот период согласно со Методологијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди ќе се изврши процена и на останатите штети, додадоа од Општината.

По завршувањето на теренска процена на штетите, Општинската комисија во наредниот период ќе изготви елаборат кој ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на висината на штетите од елементарни и други непогоди при Владата на РСМ, каде се врши проверка на сите податоци и се доставува до Платежната агенција за исплата на штетите.вс/свс

Таг
Back to top button
Close
Close