Дописници МКДОпштински вести

Во Делчево започнува реализацијата на проектот за спроведување на Локални акциски планови за родова еднаквост

Во Делчево започнува реализацијата на проектот за покревање политики и буџетски иницијативи,  како и следење на  спроведувањето  на  локалните  акциски  планови  за родова еднаквост. За успешна реализација на проектот како што информираа од Општината, планирани се форумски сесии на кои учество ќе земат граѓаните на Делчево.

Делчево, 4 мај 2021 (МИА) – Во Делчево започнува реализацијата на проектот за покревање политики и буџетски иницијативи, како и следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост. За успешна реализација на проектот како што информираа од Општината, планирани се форумски сесии на кои учество ќе земат граѓаните на Делчево.

-Се работи за онлајн форум во заедницата кој има за цел да ги идентификува специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Делево. Целта е обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на општинските програми, информираа од Општината.

Поради актуелната состојба со Ковид 19, почнувајки од утре, среда 5 мај 2021, форумите во три циклуси ќе се одржат онлајн.

-Форумите ќе бидат со времетраење од два часа и истите ќе бидат реализирани почнувајки од првата форумска сесија закажана за утре. На истата е предвидено дефинирање на проблемите и предизвиците, додека во понатамошниот тек на сесиите на 7 и 10 мај 2021, ќе се дефинираат и конкретните предлог решенија преку презентација на резултатите и понатамошни чекори во врска со проектот. Повеќе детали за сите кои сакаат да учествуваат на овие онлајн форуми се достапни на општинската веб-страница, додадоа организаторите.

Проектот „Низ  женски  леќи: покревање политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето  на локалните акциски планови за родова еднаквост“, се реализира во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип. вс/свс

 

Таг
Back to top button
Close
Close