Дописници МКДОпштински вести

Во Делчево во тек е замена на водоводната мрежа на две улици во градот

Во Делчево во тек е замена на водоводната мрежа на две улици во градот. Активностите, како што информираа од Општината, ги реализираат екипи на делчевското комунално претпријатие. Опфатот на градежните работи е 570 метри.

Делчево, 17 јуни 2021 (МИА) – Во Делчево во тек е замена на водоводната мрежа на две улици во градот. Активностите, како што информираа од Општината, ги реализираат екипи на делчевското комунално претпријатие. Опфатот на градежните работи е 570 метри.

-Екипи на јавното комунално претпријатие „Брегалница” започнаа со замена на старата дотраена азбестна водоводна линија со полиетиленски цевки на улицата „Орце Николов“, како и кракот кој води на улицата „Скопска“ во Делчево. Водоводната линија, која се реконструира и каде се поставуваат нови полиетиленски цевки е во должина од 570 метри, информираа од Општината.

Со оваа интервенција очекуваат да се подобри водоснабдувањето во овој дел на градот.
По реконструкцијата на водоводната мрежа, предвидено е асфалтирање на улиците „Орце Николов“ и „Скопска“ во рамки на проектот „Македонија без кал“ кој се имплементира преку Министерството за транспорт и врски. вс/бак/

Таг
Back to top button
Close
Close