0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Делчево се чистат дивите депонии во селските средини

Во Делчево почна чистење на дивите депонии покрај речните корита и водотеци. Како што информираа од Јавното претпријатие на комунални дејности „Брегалница", кои ја спроведуваат активноста, денеска е во тек акција за чистење на речното корито и дивата депонија во близина на река Желевица.

Делчево, 29 јануари 2021 (МИА) – Во Делчево почна чистење на дивите депонии покрај речните корита и водотеци. Како што информираа од Јавното претпријатие на комунални дејности „Брегалница”, кои ја спроведуваат активноста, денеска е во тек акција за чистење на речното корито и дивата депонија во близина на река Желевица.

-Во согласност со годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци, како и програмата на Јавното комунално претпријатие „Брегалница” за чистење на диви депонии, механизација и екипи на комуналното претпријатие денеска извршија чистење на речното корито покрај река Желевица во село Тработивиште, како и дивата депонија формирана на ова подрачје. Согласно планот, ќе продолжиме со чистење на дивите депонии, речни корита и канали и во другите населени места, информираа од ЈПКД „Брегалница”.

Со цел зачувување на животната средина, Општината апелира до граѓаните ѓубрето да се фрла само на предвидените места за отпад.

-Општина Делчево уште еднаш апелира за свесност на граѓаните и за почитување на животната средина, со цел да се превенираат здравствени проблеми, но и да се придонесе кон модерен и урбан изглед на Делчево, апелираа од Општината.
Најави дека кога ќе се подобрат временските услови, покрај во руралните средини е се  чистат и минидепонии на територијата на градот Делчево. вс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close