0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Делчево одбележани двата значајни датуми за македонската историја

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ. Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата во градот кои го чуваат споменот на револуционерната борба од Илинденскиот период, како и од НОВ.

Делчево, 2 август 2020 (МИА) – Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ. Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата во градот кои го чуваат споменот на револуционерната борба од Илинденскиот период, како и од НОВ.

Во обраќањата за значењето на востанието од страна на членови на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци.

Пред споменикот на великанот Делчев, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани.

Чествувањето потоа продолжи пред споменикот на паднатите борци од НОВ, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ исто така пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“, по што делегациите се поклонија и положија свежо цвеќе.

На одбележувањето на двата значајни датуми за македонската историја не присуствуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ Делчево. в.с./цр

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close