Дописници МКДОпштински вести

Во Делчево ќе се воведува родово одговорно буџетирање

Општина Делчево го започна процесот за воведување родово одговорно буџетирање во локалните политики и буџетските процеси. Од општината информираат дека активностите се реализираат со поддршка на UN Women, која е орган на ОН и со мандат за постигнување родова еднаквост и зајакнување на позицијата на жените.

Делчево, 16 јуни 2021 (МИА) – Општина Делчево го започна процесот за воведување родово одговорно буџетирање во локалните политики и буџетските процеси. Од општината информираат дека активностите се реализираат со поддршка на UN Women, која е орган на ОН и со мандат за постигнување родова еднаквост и зајакнување на позицијата на жените.
– Во рамки на овој процес меѓу првите активности во кои беше вклучена општина Делчево е потпишување на Меморандум за соработка од страна на градоначалникот Горан Трајковски и самата Организација. Во изминатите неколк уденови бевме дел од првите обуки на кои учество зедоа 10 општини и 23 претставници и претставнички од овие општини кои се приклучија на менторската програма за родово одговорно буџетирање на UN Women. На обуката беа презентирани основните цели за вклучување на родовата перспектива во локалните политики и буџети и значењето  од нивната примена во целокупното работење, посочуваат од општината.
Од локалната самоуправа потенцираат дека за општината ова е голем чекор напред, кога е во прашање родовиот концепт и неговата примена во креирањето на локалните политики и буџетот и значи зајакнување на позицијата на жената во Општината, одговор на нивните потреби и барање и унапредување на родовата еднкавост во сите сфери од работењето на општината.
– Да напоменеме и тоа дека обуката беше организирана во рамките на проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, посочија од Општина Делчево.
Од општината очекуваат соработката да продолжи преку реализација на нови активности за систематска примена на родово одговорното буџетирање како алатка во креирањето на општинските политики и буџети. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close