Дописници МКДОпштински вести

Во Делчево доделени награди за најредовните крводарители

На пригодна свеченост со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, денеска беа доделени наградите за најредовните крводарители од Делчево и Македонска Каменица. На настанот, кој по повод Светскиот ден на крводарителството го организираа Општинската организација на Црвен крст и Општина Делчево, беа доделени награди за крводарители кои имаат даруванo 10, 25, 50, 75 и над 100 пати, со што им оддадоа признание за нивната хуманост во спасувањето човечки животи.

Делчево, 15 јуни 2021 (МИА) – На пригодна свеченост со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, денеска беа доделени наградите за најредовните крводарители од Делчево и Македонска Каменица. На настанот, кој по повод Светскиот ден на крводарителството го организираа Општинската организација на Црвен крст и Општина Делчево, беа доделени награди за крводарители кои имаат даруванo 10, 25, 50, 75 и над 100 пати, со што им оддадоа признание за нивната хуманост во спасувањето човечки животи.
– Со овој настан сакаме да ја подигнеме колективната и индивидуалната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти. Воедно на овој ден сакаме сето внимание да го насочиме кон крводарителите кои својата хуманост ја изразуваат дарувајки крв и крвни продукти волонтерски. Ова се вистински модерни херои на денешницата кои беа несебични и во услови на пандемија. Ви благодариме и вашиот придонес останува клучна алатка за спасување на животи, истакнаа од Општинската организација на Црвен крст-Делчево.
Делчевецот Бранко Тричковски, кој има дарувано крв вкупно 146 пати, планира до 65- годишна возраст до кога може да дарува крв да го заокружи својот крводарителски стаж со 150 дарувања.
– Со крводарување започнав 1974 година како средношколец во гимназијата Методи Митевски – Брицо и продолжив да давам се до денеска, до кога крв имам дадено 146 пати. Планирам да дадам до 150 пати, бидејки можам да дадам уште трипати крв до наполнети 65 години старост. Порака до младите да даруваат крв, да ги следат постарите, бидејки крвта значи живот, зошто знаеме дека крвта не се произведува вештачки, туку потекнува од жив човечки организам, рече Тричковски.
Претставникот на Општина Делчево, Игор Жежовски апелираше во иднина уште повеќе да се подигне јавната свест за потребата од редовни крводарителски акции, со цел обезбедување квалитетни крвни продукти за пациентите.
Мотото во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството, годинава е „Дарувај крв и одржувај го светот“ и има  посебен фокус кон младите, поради што од Црвен крст Делчево упатија порака до младите со дарувањето крв да бидат тука за другите и да спасат многу животи во иднина. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close