Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Во дел од Букурешт добиваат по 1.800 евра за уништување стар автомобил

Градските советници во Букурешт денеска одобрија проект за обезбедување 5.000 еко-ваучери во вредност од 9.000 леи (1.883 евра) секој во замена за уништување на стар автомобил.

Букурешт, 29 јануари 2020 (МИА) – Градските советници во Букурешт денеска одобрија проект за обезбедување 5.000 еко-ваучери во вредност од 9.000 леи (1.883 евра) секој во замена за уништување на стар автомобил.

На почетокот на состанокот, градоначалничката на Букурешт, Габриела Фирија истакна дека мерката е насочена пред се на лица кои имаат постојана адреса во центарот на Букурешт и кои поседуваат стари автомобили.

Таа прецизираше дека ваучерите можат да се користат за купување на еколошки автомобил или апарати за домаќинство. Градоначалничката додаде дека приоритет за добивање ваучери ќе имаат жителите на централниот дел на градот, но доколку нема доволно волја, ќе можат да имаат корист и од жителите на другите населби.

Фирија истакна дека тоа е втора фаза од програмата за поттикнување на отстранување на стари возила од сообраќајот на Букурешт, при што минатата година беа предадени 4.000 вакви ваучери од предвидените 5.000 во првата фаза од програмата. зш/

Back to top button
Close
Close