0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Дебарско се почитуваат полицискиот час и мерките за заштита од коронавирусот

И во последното деноноќие, според полициската статистика на Секторот за внатрешни работи од Охрид, дебрани се најдоследни во почитувањето на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, споредено со жителите од останатите општини, кои ги покрива Секторот.

Дебар, 26 април 2020 (МИА) – И во последното деноноќие, според полициската статистика на Секторот за внатрешни работи од Охрид, дебрани се најдоследни во почитувањето на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, споредено со жителите од останатите општини, кои ги покрива Секторот.

Според портпаролот Стефан Димоски, на подрачјето на двете општини кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внтарешни работи, безбедносната состојба е стабилна.

– Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус во двете општини не е регистрирано непочитување на забраната за движење. Во истиот период, не се евидентирани кражби, сообраќајни незгоди и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Тоа е појава присутна во текот на изминатиот месец, изјави за МИА Стефан Димоски портарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека во двете општини нема лица во изолација, додека во самоизолација се 16 лица.

Врз основа на одлуката на општинскиот Оперативен штаб волонтерите на дебарскиот црвен крст продолжуваат да даваат помош-услуга за најранливите групи, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни. Од вчера попладне до денеска до 14 часот извршиле услуга на седум семејства, главно за набавка на лекарства.

На ниво на својата задача се и вработените на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кои без оглед дали е полициски час, празник или неработен ден, редовно го подигаат сметот од определените места за тоа, а во текот на ноќта продолжуваат со миење на улиците со чиста вода и соодветен детергент. вт/сст/

Back to top button
Close
Close