Дописници МКДОпштество

Во дебарската болница пристигна пратка од илјада вакцини, вакциналниот пункт ќе работи и утре

Се поголем е интересот за вакцинација против Ковид-19 кај жителите од општините Дебар и Центар Жупа. Потврда за тоа е бројот на имунизирани лица на дневно ниво.

Дебар, 23 јули 2021(МИА) – Се поголем е интересот за вакцинација против Ковид-19 кај жителите од општините Дебар и Центар Жупа. Потврда за тоа е бројот на имунизирани лица на дневно ниво.
Баки Алили, директор на Општа болница со проширена дејност во Дебар за МИА информира дека денеска  пристигнала нова пратка од илјада дози вакцини Синофарм. Посочи дека имаат на располагање и 220 дози Астра Зенека и 212 Фајзер.
– Само вчера аплицирани се 360 вакцини а исто толку очекуваме и денеска. Кај населението веќе нема дилема дека единствена заштита од опасниот вирус е вакцината. До сега во нашата болница вакцинирани се над 3.000 лица а над 1.200 во вакциналните пунктови во Скопје и Охрид, изјави Алили.
Алили информира дека поради зголемениот интерес на грашаните, вакциналионт пукт кој функционира во модуларната болница ќе работи и утре.
Што се однесува до епидемиолошката состојба, моментално активни на болеста се пет лица од кои едно е хоспитализирано во Ковид-центарот во болницата и е на кислородна подршка, додека останатите се лекуваат амбулантски и во домашни услови. вт/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close