Дописници МКДОпштински вести

Во дебарската болница до сега вакцинирани 4.466, ревакцинирани 2.634 лица

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, вакцина против Ковид -19 до сега примиле 4.466 лица од општините Дебар и Центар Жупа.

Дебар, 30 јули 2021(МИА) – Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, вакцина против Ковид -19 до сега примиле 4.466 лица од општините Дебар и Центар Жупа.

– Двете дози на вакцини ги примиле 2.634 лица. Сакам да нагласам дека до сега не сме регистрирале нуспојави кај ниту едно лице од вакцинираните. Во споменатата бројка на вакцинирани не се внесени оние кои тоа го направиле во вакциналните пунктови во Скопје и Охрид, изјави доктор Љуљзим Стрикчани, одговорен во службата за вакцинација.

Бројката на вакцинирани надвор од Дебар се смета дека е околу 1.200 лица, кои ги примиле двете дози, со што вкупната бројка на имунизирани во двете општини е над 5.660 лица, а со две дози над 3.800.

Во меѓувреме, на ова подрачје расте бројот на новозаразени. Денеска потврдени се четири нови случаи , односно 13 во последните десет дена. Од почетокот на пандемијата вкупниот број заразени е 959, активни на болеста се 15, додека битката со вирусот ја изгубиле педесетина граѓани, речиси по идентичен број од двете општини.

Во Ковид-центарот во дебарката болница хоспитализирани се две пациентки, едната вакцинирана со две дози, додека другата не е вакцинирана. Една од пациентките е на кислородна подршка. Останатите 13 активни случаи се на домашно лекување. вт/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close