Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар волонтерите на Црвен крст во служба на граѓаните за време на продолжениот полициски час

Во Дебар за време на полицискиот час кој почна денеска во 16:00 часот и ќе трае до вторник во 5:00 часот во служба на граѓаните кои имаат потреба од набавка на неопходни намирници и лекови се волонтерите на Црвен крст.

Дебар, 17  април 2020 (МИА) – Во Дебар за време на полицискиот час кој почна денеска во 16:00 часот и ќе трае до вторник во 5:00 часот во служба на граѓаните кои имаат потреба од набавка на неопходни намирници и лекови се волонтерите на Црвен крст.

-Помош-услуга нашите  волонтерите  ќе даваат и за време на продолжениот викенд, како што тоа го правеа и до сега,како за викенд полицискиот час или во работните денови. Услугата им се пружа на најранливите групи, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни,вели Исни Телќиу, секретар на општинската органзиација на Црвен крст во Дебар.

Додава дека граѓаните треба само да се јават на телефонскиот број 071/223-900 и да ги кажат што им треба.

-Веднаш штом го добијат повикот, се подготвуваат со соодветна заштитна опрема. Потоа заминуваат да ги набават потребните нешта и ги доставуваат до домот на граѓанинот а плаќењето се врши на рака, врз основа на фискалната сметка, објаснува Телќиу.

По воведувањето на мерките и препораките за заштита од ширењето на коронавирусот, направиле повеќе од 100 помош-услуги како во градот така и во повеќе селски населби, главно Долно Косоврасти, Гари,Осој и Тресонче.

Тие постојано се на терен во достава и на хумантраната помош што Републичкиот Црвен крст,како и многу други донатори ја обезбедија за семејства кои се во тешка
социо-економска состојба. вт/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close