Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар уште една жртва од Ковид-19, до сега вкупно 40

Почина пациент во ковид центарот во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат болни од Ковид-19, што е 40 жртва од опасниот вирус.

Дебар, 11 април 2021 (МИА) – Почина пациент во ковид центарот во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат болни од Ковид-19, што е 40 жртва од опасниот вирус.

-Станува збор за пациентка на 83-годишна возраст од Дебар. Беше хоспитализирана во нашиот ковид центар повеќе денови, но за жал и покрај сите напори на здравствениот персонал почина синоќа. Моментно имаме 13 пациенти на кислородна поддршка, осум се третираат во дневната болница, што значи добиваат терапија, малку одмараат и заминуваат во своите домови, додека на амбулантски прегледи во просек дневно имаме по дванаесетина лица. Еден пациент од Дебар имаме во здравствена установа во Скопје, изјави за МИА, Баки Алили директор на болницата.

Додава дека вчера потврдени се осум нови случаи од 14 испратени тестови за анализа, што е 57 отсто од тестираните.

Директорот Алили апелира до сите строго да ги почитуваат анти-ковид мерките со цел да се спречи ширењето на заразата. Исто така, испрати апел до граѓаните навреме да се јават доколку имаат одредени симптоми препознатливи за вирусот, бидејќи има случаи кога за лекарска помош се јавуваат кога болеста е во напредната фаза.

На подрачјето на Дебар и Центар Жупа, од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени е 888, активни на болеста се 63, додека починале 40 лица, речиси по идентичен број од двете општини.

Што се однесува до мерката за носење заштитна маска, според полициската статистика овој месец издадени се 69 парични платни налози на лица кои не ја почитување мерката а се регистрирани и два прекршока за непочитување на полицскиот час.вт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close