0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиПарламентарни избори 2020

Во Дебар почна едукација за избирачките одбори

Во Дебар денеска почна едукација за членовите на избирачките одбори за претстојните вонредни парламентарни избори.

Дебар, 3 јули 2020 (МИА) – Во Дебар денеска почна едукација за членовите на избирачките одбори за претстојните вонредни парламентарни избори.

– Во нашата општина има 27 избирачки места, а со тоа 270 нивни членови. Поради обезбедување физичка дистанца, едукацијата ќе трае неколку дена. Денеска и во наредните два дена за административците, додека в понеделник за претставниците на политичките партии, изјави за МИА Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.

Избирачките одбори се составени од 10 члена, од кои шестмина се административци, додека четворица се претставници на политичките партии.

Во измнатите два дена едукација за членовите на избирачките одбори е спроведена во Центар Жупа.

Според претседателот на Општинската изборна комисија Еран Зубер, во оваа општна има 16 избирачки места односно избирачки одбори со 160 членови.

Двете општини припаѓаат на Петтата изборна единица, при што општина Дебар е првпат во целина во оваа изборна единица. Претходно поголемиот број од избрачките места беа во Шестата изборна единица, а само неколку во ИЕ5. вт/хс/

Back to top button
Close
Close