Дописници МКДОпштествоОпштински вестиПолитика

Во Дебар петнаесетти ден нема новозаразени од „Ковид-19“

Во Дебар и во последното деноноќие, или петнаесето по ред нема новодијагностицирани со „Ковид-19“, потврдуваат официјалните податоци.

Дебар, 30 април 2020 (МИА) – Во Дебар и во последното деноноќие, или петнаесето по ред нема новодијагностицирани со „Ковид-19“, потврдуваат официјалните податоци.

Тоа значи значи дека вкупниот број на заразени останува 51, од нив две лица од општина Центар Жупа.

– Од вкупно заболените 46 се оздравени, за жал, четири лица се починати, од нив три од Дебар и едно од Центар Жупа. Се уште како заболено се води само уште едно лице кое се лекува во домашни услови. Првиот контролен тест кај него е негативен, а денеска се очекува да биде земен и вториот контролен тест. Во самоизолација се седум лица, изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот оперативен штаб.

Информираше дека во последното деноноќие безбедносната состојба е стабилна, не се регистрирани непочитувања на одлуката за забрана за движење, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Дука искажа голема благодарност до сите поединци, компании и здруженија за хиуманитарната помош што ја донираат, која како што рече, се распределува без никаков проблем на семејства кои се нашле во потреба од помош.вт/лв/

Back to top button
Close
Close