Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 31 лице

Во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, нема оздравени ниту починати, а активни на болеста се 31 лице.

Дебар, 10 септември 2020 (МИА) – Во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, нема оздравени ниту починати, а активни на болеста се 31 лице.

Како што потврдуваат од работната единица на Центарот за јавно здравје се очекуваат резултати од земени брисеви, а и понатаму со симптоми на опасниот вирус се јавуваат паценти во Општата болница.

– Иако нема новозарзени не е време за опуштање. Потребно е да бидеме многу повеќе внимателни, затоа што сега не се знае кој е заразен, поради фактот што има асимптоматични случаи. Апелирам до сите строго да ги почитуваат мерките и протоколите, апелира епидемиологот Ментор Меља, кој со пандемијата се справува од самиот нејзин почеток.

Во ова подрачје, овој месец регистрани се 14 новозаразени. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 58, додека починаа две лица, мажи, од општина Центар Жупа, на 63 и 53- годишна возраст.

Од почетокот на пандемијата во ова подрачје се направени над 1.350 тестови, позитивен резултат е добиен кај 264, од нив оздравеле 219, починале 14, додека од моментно актвните 31 лице, 10 се од општина Центар Жупа.

Според статистичките податоци на дебарското одделение за внтарешни работи, кое со својата актвност ја покрива и општина Центар Жупа, во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале девет прекршоци за неносење лична заштита на лицето и ним им им се издадени прекршочни платни налози. вт/мс/

Back to top button
Close
Close