Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар нема новозаразени, на домашно лекување само двајца

Општинскиот Оперативен штаб информираше дека во последното деноноќие во Дебар не се регистрирани новозаразени со Ковид-19,што потврдува дека состојбата се стабилизира.

Дебар, 26 април 2020 (МИА) – Општинскиот Оперативен штаб информираше дека во последното деноноќие во Дебар не се регистрирани новозаразени со Ковид-19,што потврдува дека состојбата се стабилизира.

Ова е единаесетти ден по ред како нема новозаразени, по двата случаи кои беа потврдени на 9 април, откако немаше новозаразени 12 дена.

-Според лабораториските резултати за денес, во Дебар нема нови случаи со Ковид-19, со што бројката на заразени останува 51, од нив две лица од Центар Жупа. Од вкупната бројка 45 се оздравени, двајца се уште се на домашно лекување, а за жал четворица починаа, изјави за МИА градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со штабот.

Сепак, тој препорачува и понатаму, како и досега, граѓаните да бидат доследни во почитувањето на мерките и препораките зашто -„битката е добиена, но војната со невидливиот непријател продолжува“.

Како што потврди директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, од двајцата пациенти кои се на домашно лекување еден е здравствен работник. Кај нив утре ќе се направи ретестирање и доколку резултатот биде негативен тие ќе се сметаат за оздравени.

Во исто време во Дебар и Центар Жупа, во тек е скринингот за имунитетот на населението, што го спроведуваат 14 матични лекари, меѓу нив и педијатри и гинеколози, кои треба да направат 2.342 теста. Дел од матичните лекари тестирањето го почнаа во четвртокот а по денешниот ден за одмор продолжуваат утре. вт/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close