Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар нема активни случаи со КОВИД-19

Дебар, кој го доби епитетот македонски Вухан зашто беше прво жариште на КОВИД, денеска во списокот на оздравени ги внесе и последните петмина кои беа заразени.

Дебар, 27 мај 2021 (МИА) – Дебар, кој го доби епитетот македонски Вухан зашто беше прво жариште на КОВИД, денеска во списокот на оздравени ги внесе и последните петмина кои беа заразени.

-Тоа значи дека на подрачјето на општина Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, повеќе нема заразени лица со опасниот вирус. Десетина дена наназад немаме нови случаи. И покрај овој позитивен тренд, а тука и ефектот од имунизацијата кој е познат, сепак препорачуваме и понатаму внимателност, изјави за МИА директорот на Општата болница, Бали Алили.

На ова подрачје во март беа регистрирани 62 нови случаја, во списокот на оздравени беа впишани 49, а почина едно лице. Минатиот месец имаше 71 новозаразен, 80 оздравени и четворица почнати, додека во  мај новозаразени се 9 ,оздравени 36, а починале три лица.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број заразени е 939, а починати се 44 лица.

Со процесот на имунизација до денеска се опфатени над 1.400 лца од двете општини. Повеќе од илјада вакцината ја примиле во пунктот во Дебар. вт/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close