Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар над 700 семејства опфатени со хуманитарна помош

Повеќе од 700 семејства во општина Дебар се опфатени досега со  распределбата на хуманитарна помош во прехрамбени и други артикли.

Дебар,25април 2020(МИА) – Повеќе од 700 семејства во општина Дебар се опфатени досега со  распределбата на хуманитарна помош во прехрамбени и други артикли.

Ова е соопштено на средбата што градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, ја имаше со претставници на хуманитарни организации.

-На средбата со претставникот на општинскиот Оперативен штаб за менаџирање со хуманитарна помош, Алтин Фетаху, претставникот на хуманитарните здруженија Нертил Османи и секретарот на Црвениот крст Исни Телќиу, разговарано беше и за понатамошната координација во распределбата на помош во текот на наредниот период. При тоа беше констатирано дека координираната активност на хуманитарните здруженија резултираше со многу успешна работа и постигната цел а тоа е да им се помогне на семејствата во општина Дебар кои имаат потреба, информираа од Оперативниот штаб.

Додаваат дека оваа активност ќе продолжи се додека трае вонредната состојба поради пандемијата со „Ковид-19“ а помош ќе се распределува и во текот на Светиот месец Рамазан.

Општинскиот Оперативен штаб искажува голема благодарност до сите хумани луѓе за дадените донации, како здруженија, поединци, економски субјекти од Дебар, Македонија, Европа и САД.

Хуманитарната помош,што пристигнуваше и што ќе пристигнува во Дебар се распределува врз основа на заеднички список што го направија хуманитарните здруженија, Црвениот крст и Оперативниот штаб. На тој начин, според нив, избегнати се одредени евентуални неправилности, односно едно семејство да добие помош неколкупати а друго да остане без неопходната помош. вт/ир

Таг
Back to top button
Close
Close