Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар крводарителска акција, собрани 25 крвни единици

Дебарската општинска организација на Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиска медицина, денеска ја организираше третата крводарителска акција годинава.

Дебар, 18 мај 2021 (МИА) – Дебарската општинска организација на Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиска медицина, денеска ја организираше третата крводарителска акција годинава.

Екипата на Институтот беше сместена во просториите на деветолетката „Пенестија“, а за неколкучасовниот престој беа собрани 25 крвни единици.

-И оваа крводарителска акција ја оценуваме како повеќе од успешна, имајќи ги предвид условите создадени од пандемијата со КОВИД-19. Крв даруваа 25 од пријавени четириесеттина граѓани, изјави за МИА секретарот на општинската организација на Црвен крст, Исни Телќиу.

Според него, годинава е планирано да се спроведат шест редовни и две вонредни крводарителски акции, но доколку има потреба ќе се организираат и други.

-Годишниот план е проектиран на 744 крвни единици, колку што беше и во изминатите години. Досега се собрани 140 крвни единици, вклучително и денешните. Лани поради пандемијата планот не беше исполнет, беа прибрани 500 единици, но сепак ја оценивме како успешна годината на планот на крводарување, рече Телќиу.

Во претходните години планот на годишно ниво редовно не само што се исполнуваше, туку и се надминуваше во просек за 20 отсто, со што Дебар се вбројува меѓу најхуманите општини во земјава на планот на доброволното крводарување. вт/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close