Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар и Центар Жупа попишани околу 5.000 лица

Претседателот на пописната комисија за пописен реон  24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа, Решат Ќормемети за МИА изјави дека оваа статистичка операција, се одвива без никакви проблеми.

Дебар, 13 септември 2021 (МИА) – Претседателот на пописната комисија за пописен реон  24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа, Решат Ќормемети за МИА изјави дека оваа статистичка операција, се одвива без никакви проблеми.

-Се оди нормално, без никакви проблеми, со постојано зголемување на бројот на попишаните. До сега не е регистриран случај некој граѓанин да врати назад попишувач без да даде податоци. Во двете општини до денес попишани се околу 5.000 лица. Уште еднаш сакам да нагласам дека сите попишувачи се вакцинирани против Ковид-19, додаде Ќормемети.

Според него во овој пописен регион има 95 пописни кругови, од нив 62 се во општина Дебар, додека останатите 33 во општина Центар Жупа, а на терен се 43 теренски попишувачи и шест инструктори.

Нагласува дека пописот  се спроведува според сите предвидени протоколи и доколку граѓанинот не го најдат дома, попишувачите оставаат известување во кое ќе е наведен денот и часот кога повторно ќе ги посетат.

Исто така апелира до граѓаните да внимаваат кога попишувачите ќе стигнат до нивната врата може слободно да побараат од нив да покажат овластување.

Тој е убеден дека пописните активности ќе завршат навреме, дури и пред предвиденот рок, 30 септември,  доколку оваа активност се одвива како до сега. вт/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close