Дописници МКДОпштински вестиПарламентарни избори 2020

Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица

Во Дебар и Центар Жупа денеска своето право на глас треба да го остварат 33 болни и немоќни лица.

Дебар,14 јули 2020 (МИА) – Во Дебар и Центар Жупа денеска своето право на глас треба да го остварат 33 болни и немоќни лица.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во општина Дебар ќе гласаат 29 болни и немоќни лица, колку што и се пријавиле.

Вчера пак гласаа 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19.

Во општина Центар Жупа своето право на глас денеска ќе го остварат четири болни и немоќни лица, додека вчера таму немаше гласање бидејќи немаше пријавени.

Утре во општина Дебар ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас.

Во Центар Жупа,според претседателот на ОИК, Еран Зубер ќе се гласа на 16 избирачки места а право глас имаат 7.061 граѓанин.

Споредено со последните претседателски и вонредни избори за градоначалник, одржани минатата година, во единствениот избирачки список во Дебар сега се запишани 190 гласачи повеќе.

Во општина Центар Жупа, споредено со ланските претседателски избори бројот е поголем за 108 гласачи. вт/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close