Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар еден новозаразен со коронавирус, 15-ти случај овој месец

Во последното деноноќие во Дебар, регистриран е еден новозаразен со Ковид-19, што е 15-ти случај во овој месец, во кој се регистрирани 58 оздравени и две починати лица.

Дебар, 11 септември 2020 (МИА) – Во последното деноноќие во Дебар, регистриран е еден новозаразен со Ковид-19, што е 15-ти случај во овој месец, во кој се регистрирани 58 оздравени и две починати лица.

Од дебарската работна единица за јавно здравје, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, велат дека поради појавата на поголем број лица кои и понатаму со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница во Дебар, се очекува бројот на новозаразени да расте.

– Апелираме до сите строго да ги почитуваат мерките и протоколите со цел да се заштитат себе си, своите блиски, роднини, пријатели и соседи. Не бараме многу само поголема внимателност и совесност, да се носи заштитна маска, да се одржува физичка дистанца и хигиена, да се избегнува групирање, порачува епидемиологот Ментор Меља, раководител на единицата.

Со денес потврдениот случај, во ова подрачје вкупната бројка на заразени изнесува 265 од направените над 1.300 тестови, од нив оздравеле 219 додека починале 14 лица.

Моментно активните на болеста се 32 лице, повеќето со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, дел амбулантски, додека четворица се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Според, Фехми Скендер кој раководи со Кризниот штаб на општина Центар Жупа над 10 од активните болни се од општина Центар Жупа, при што повеќето се од областа на Горна Жупа, од каде се и последните четири жртви од Ковид-19.

Во меѓувреме статистичките податоци на дебарското одделение за внатрешни работи, на подрачјето на двете општини, во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале 17 прекршоци за неносење лична заштита на лицето или 26 во последните два дена, и ним им се издадени прекршочни платни налози.вт/ир

Back to top button
Close
Close