Дописници МКДОпштествоОпштински вестиПолитика

Во Дебар двајца новозаразени со Ковид-19, препораките за заштита не се почитуваат

Во последното деноноќие во Дебар потврдени се два случаи на новозаразени со Ковид-19, што е 15-ти случај во овој месец. Најголема бројка на заразени или 10 беше регистрирана на први август,кога за жал еден заболен почина.

Дебар, 7 август 2020 (МИА) – Во последното деноноќие во Дебар потврдени се два случаи на новозаразени со Ковид-19, што е 15-ти случај во овој месец. Најголема бројка на заразени или 10 беше регистрирана на први август,кога за жал еден заболен почина.

Со денеска потврдените две новозаразени лица, вкупната бројка изнесува 210, од нив во списокот на оздравени се впишани 84 од нив едно оздравено лице е регистрирано вчера, починаа седум, додека активни на болеста се 119 лица, од кои десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Од вкупната бројка на заразени дури 159 се од втората фаза, односно од петти јуни, наспроти 51 колку што имаше во првата фаза.

Од општинскиот Оператвен штаб посочуваат дека поради непочитувањето на препораките на надлежните, бројот на новозаразените ќе расте бидејќи и понатаму голем е број на граѓани кои се јавуваат со симптоми на опасниот вирус во Општата болница.

-Апелираме на строго почитување на мерките и протоколите. Посебен апел упатуваме до младите, кои во голем број се во кафулињата а граѓани од разни возрасти се релаксираат на брегот на Дебарско Езеро при тоа непочитувајќи ниту одржување физичка дистанца, ниту носење заштитна маска,- апелираат од штаб.

И додека надлежните апелираат на почитување на препораките голем број жители од ова подрачје тоа не го прават. Посебно загрижува присуството на млади по кафулињата, масовното присуство на плажите на Дебарско Езеро,како и правењето мали домашни веселби каде има групирање без почитување на препораките за физичка дистанца и носење маски.

Според статистичките податоци на дебарското одделение за внатрешни работи, пак, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во изминатото деноноќие на осум лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитна маска. Во изминатите десет дена вакви налози им се издадени на повеќе од 60 лица.вт/лв/

Back to top button
Close
Close