Дописници МКДОпштински вести

Во Дебар денеска дезинфицирани контејнери и детски игралишта

Со несмалена динамика вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица, продолжуват со дезинфекција на јавни и прометни површини, колективни станбени згради, спортски терени и објкети на институции.

Дебар, 10 април 2020 (МИА) – Со несмалена динамика вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица, продолжуват со дезинфекција на јавни и прометни површини, колективни станбени згради, спортски терени и објкети на институции.

– Во текот на денешниот ден, според зацртаната динамика продолжуваме со дезинфекција на контејнери, канти и корпи за отпад низ градот, како и детски игралишта. Ваква активност спроведуваме по вторпат, откако минатиот месец извршивме дезинфекција на целиот град, како и населените места, изјави за МИА Омер Цами, раководител на секторот за комунална хигиена во претпријатието „Стандард“.

Со втората дезинфекција, која почна во средата попладне, веќе се дезинфицирани станбените згради во населбата „Венец еден“, зградата на локалната самоуправа и уште неколку објекти на институции. Исто така веќе се дезинфицирани и улиците во поголемиот дел од градот.

Според Цами, кој е член на Оперативниот штаб, наредните денови дезинфекција ќе се врши во селските населени места.

– Ги замолувам граѓаните во наредните три-четири дена поради дезинфекцијата на улиците, уличките и
тротоарите, како и влезовите и скалилата во станбените згради, да не се мијат истите, затоа што на тој начин го отстрануваат дезинфекциското средство, апелира тој од име на општинскиот Оперативен штаб.

Инаку, дебарските комуналци редовно го подигаат и отпадот и уште еднаш од претпријатието апелираат до граѓаните да бидат посовесни и отпадот да го фрлаат во определените места за тоа. вт/мс/

Back to top button
Close
Close