ЕвропаЕвропа.Портал

Во Данска забранети се собири на повеќе од 500 луѓе до 1 септември

Данска забрани собири на кои има повеќе од 500 луѓе до 1 септември, соопшти данското Министерство за здравство

Копенхаген, 21 април 2020 (МИА) – Данска забрани собири на кои има повеќе од 500 луѓе до 1 септември, соопшти данското Министерство за здравство.

Соопштението  е спротивно со извештаите на медиумите каде е истакнато дека данската Влада ќе дозволи поголеми собири од 10 мај.

Во моментов, во Данска на сила е мерка што овозможува собир до десет луѓе.

Во Данска бројот на заразени со коронавирусот е 7.695 лица, излекувани се 4.312, а починати се 364 лица. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close