0_Спорт.ПорталКошарка

Војдан Стојановски го смени По Ортез со Гравелин Данкерк

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски по неполни два месеца поминати во По Ортез, потпиша договор со Гравелин Данкерк.

Париз, 14 јануари 2020 (МИА) – Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски по неполни два месеца поминати во По Ортез, потпиша договор со Гравелин Данкерк.

Важноста на договорот е до крајот на сезоната.

Стојановски го пропушти стартот на сезоната и самостојно тренираше во Скопје, но по одличните изданија во По Ортез, го привлече вниманието на Гравелин Данкерк.

Новиот клуб на Стојановски очекува со ангажманот на Македонецот да успее во целта  која е опстанок во најквалитетната кошаркарска лига во Франција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close