СветСвет.Портал

Во Црвено Море загинаа тројца египетски рибари од подводна мина поставена од Хутите

При експлозија на подводна мина поставена од бунтовниците Хути загинаа тројца египетски рибари во Црвено Море, соопшти денеска коалицијата предводена од Саудиска Арабија

Ријад, 7 февруари 2020 (МИА) – При експлозија на подводна мина поставена од бунтовниците Хути загинаа тројца египетски рибари во Црвено Море, соопшти денеска коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Инцидентот се случил во средата, а од чамецот што потонал спасени се тројца рибари.

– Терористичката милиција на Хутите, поддржана од Иран продолжува да поставува подводни мини што сериозно ги загрозуваат поморска навигација и меѓународната трговија во јужниот дел на Црвено Море и теснецот Баб ал Мандаб. Вкупно беа откриени и уништени 137 подводни мини, се наведува во соопштението на коалицијата.

Борбите во Јемен траат речиси пет години, откако Хутите, кои имаат поддршка од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади и го зазедоа главниот град Сана и северниот дел од Јемен. Додека во 2015 година интервенираше коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се обидува да ја врати на власт владата на Хади.

Дел од коалицијата е и Египет. Во вторникот, 32 египетски рибари пристигнаа во Каиро, откако Хути ги ослободија по неколкунеделниот притвор под обвинение дека незаконско навлегле во територијалните води на Јемен.

Според податоци на Обединети нации, поради судирите во Јемен околу 3,3 милиони луѓе се раселени, а 24,1 милиони лица односно на две-третини од населението им е потребна хуманитарна помош. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close