Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Во Црна Гора казна и до 20.000 евра за употреба на пластични кеси

Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора предлага закон за забрана на кеси, вреќи и торби за еднократна потреба изработени од пластика што се користат во продавниците

Подгорица, 15 февруари 2020 (МИА) – Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора предлага закон за забрана на кеси, вреќи и торби за еднократна потреба изработени од пластика што се користат во продавниците.

Предлог-законот превидува парични казни од 500 до 20.000 евра за правното лице кое ќе го прекрши законот, од 500 до 6.000 евра за претприемачите и од 30 евра до 2.000 евра за физичко лице.

Законот ќе почне да се применува шест месеци од неговото стапување во сила.

Во соопштението од црногорското Министерство за одржлив развој и туризам предлог-законот е со цел перманентно да се намали загадувањето на животната средина со пластичните кеси. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close