Општински вестиСкопје

Во четврток второ авионско прскање против комарци во Крива Паланка

Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка информира дека в четврток, 15 јули, ќе биде извршено авионско прскање против комарци во Општината за оваа година.

Крива Паланка, 13 јули 2021 (МИА) – Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка информира дека в четврток, 15 јули, ќе биде извршено авионско прскање против комарци во Општината за оваа година.

– Ја информираме јавноста дека во раните утрински часови во четврток, во периодот од 5 часот до 8 часот ќе се врши авионско прскање за заштита од комарци во општина Крива Паланка. Ги информираат и одгледувачите на пчелни семејства, пчеларите во времето на прскање и три до четири часа подоцна, да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства, посочуваат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Во случај на врнежи прскањето ќе биде одложено за наредниот ден. ид/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close