Општински вестиСкопје

Во Чаир ќе бидат поставени посебни контејнери за органски отпад

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје во пресрет на празникот Курбан Бајрам во понеделник на територијата на Општина Чаир ќе постави четири специјални контејнери за органски отпад.

Скопје, 16 јули 2021 (МИА)Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје во пресрет на празникот Курбан Бајрам во понеделник на територијата на Општина Чаир ќе постави четири специјални контејнери за органски отпад.

Од Општината информираат дека контејнерите ќе бидат поставени кај поранешната локација на „Комунална хигиена“, во близина на ресторанот „Фа-Фа“, кај новата џамија во Чаир и во близина на Теќето во Дуќанџик.

– Бидејќи сме во периодот на високи температури и услови на пандемијата од Ковид-19, доколку отпадот го фрлиме во посебни контејнери, ќе дадеме голем придонес во заштитата на здравјето и зачувувањето на животната средина, се посочува во соопштението на Општина Чаир. бт/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close