БалканБалкан.Портал

Во Бугарија уапсен шефот на одделот за борба против наркотици

Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици.

Софија, 26 јуни 2020 (МИА) – Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици.

– Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во шверц со дрога во Бугарија и странство, изјави јавниот обвинител Иван Гешев на вонредна прес-конференција.

Тој истакна дека е загрижувачки фактот што се осомничени „највисоки претставници во борбата против наркотици во Бугарија и главните лица за контакт со меѓународните партнери, не само во ЕУ“.

Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, се наоѓа на една од главните рути за трговија со дрога кон земјите од Западна Европа. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close