Балкан

Во Бугарија повеќе од 2,4 милиони лева се одобрени за бесплатен одмор за ученици

Бугарската Влада одобри 2.422.000 лева за 6.258 ученици кои одат на летен одмор според Националната програма „Повторно заедно“.

 Софија, 22 јули 2021 (МИА/БТА) – Бугарската Влада одобри 2.422.000 лева за 6.258 ученици кои одат на летен одмор според Националната програма „Повторно заедно“. Тие се поделени во 570 групи. Тие се придружени од 662 наставници или други педагошки специјалисти, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука.

Финансиските средства се распределуваат помеѓу 236 училишта – 216 општински и 20 државни. Средствата за општинските училишта се издвојуваат од буџетите на општините, а за државните – од буџетите на Министерството за образование и наука, Министерството за млади и спорт и Министерството за култура.

На 14 јули годинава Владата одобри уште 997.850 лева за 2.577 ученици, кои ќе бидат придружени од 274 раководители.

За секој учесник на патувањето е предвиден шестдневен туристички пакет во износ од 500 лева. Понудата вклучува сместување со 5 ноќевања, храна, превоз, осигурување и дополнителни активности.

Целта на програмата е да се поттикне обновување на комуникацијата помеѓу учениците и да се надмине заостанувањето во нивната социјализација заради отсуство од работа во последните две учебни години. Исто така, се очекува да помогне во збогатување на детската култура и стимулирање на нивната физичка активност.

Првата фаза од апликацијата за „Повторно заедно“ трае до 31 јули 2021 година. Ако по овој датум не се потроши буџетот од 15 милиони лева предвидени за програмата, училиштата можат повторно да аплицираат со вкупно 165 учесници до 1 септември оваа година, или додека не се исцрпи финансискиот лимит, информираат од Министерството за образование и наука на Бугарија.

Back to top button
Close
Close