БалканБалкан.Портал

Во Бугарија досега за Ковид-19 се направени 15.899 тестови

Во лабораториите во Бугарија досега се направени вкупно 15.899 тестови за Ковид-19, соопшти Министерството за здравство во Софија.

Софија, 5 април 2020 (МИА) – Во лабораториите во Бугарија досега се направени вкупно 15.899 тестови за Ковид-19, соопшти Министерството за здравство во Софија.

Првиот референтен тест за Ковид-19 бил направен во Националната референтна лабораторија на 28 јануари, а првиот тест за новиот коронавирус на Военомедицинската академија бил направен на 2 февруари.

Повеќе информации ќе бидат дадени на редовниот брифинг во Националниот оперативен штаб, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Во Бугарија има повеќе од 500 луѓе заразени со новиот коронавирус. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close