БалканБалкан.Портал

Во Бугарија 21 нов случај на заразен со Ковид-19, вкупно 1.632

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 21 нов случај на заразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.632, соопшти Националниот кризен штаб.

Софија, 4 мај 2020 (МИА) – Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 21 нов случај на заразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.632, соопшти Националниот кризен штаб.

Во последното деноноќие се тестирани 527 луѓе, а од почетокот на пандемијата се направени 49.145 тестови.

Од Кризниот штаб наведуваат дека наредните две недели ќе бидат клучни и дека врз основа на податоците од овој период ќе се одлучи дали преземените мерки се ефикасни и кои следни чекори ќе се преземат. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close