0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитика

Во Брвеница се бара отворање полициска станица

Да се оформи и да почне да функционира полициска станица во Брвеница е главното барање на жителите од ова населено место. Тоа беше истакнато на вчерашната средба од страна на мештаните до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска.

Тетово, 8 јули 2020 (МИА) – Да се оформи и да почне да функционира полициска станица во Брвеница е главното барање на жителите од ова населено место. Тоа беше истакнато на вчерашната средба од страна на мештаните до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска.

-Разговаравме за проблемите на Брвеница и брвенчани, но и за проблемите со кои се соочуваат припадниците на МВР. Се сложивме дека неопходно е да се обезбедат подобри услови за полицајците и се обврзавме да изнајдеме решение за поголема безбедност на главниот пат во Брвеница и сите околни населени места. За таа цел најавуваме отворање на полициска станица во селото Брвеница, истакна Стојан Тодоровски, кандидат за пратеник од Брвеница, дел од листата на коалицијата Обнова за Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Чулев вчера го посети и полициското одделение во Јегуновце, а заедно со заменик министерката остварија повеќе средби со граѓани. ас/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close