Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Во Брисел продолжија експертските разговори меѓу Белград и Приштина

Експертски тимови од Белград и Приштина денеска ги продолжија разговорите во рамки на дијалогот за нормализирање на односите со посредство на ЕУ.

Брисел, 5 септември 2020 (МИА) – Експертски тимови од Белград и Приштина денеска ги продолжија разговорите во рамки на дијалогот за нормализирање на односите со посредство на ЕУ.

Ова е четврти состанок на експертско ниво од продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина во јули оваа година.

Во Брисел е најавено дека за време на викендот, двете делегации ќе разговараат за веќе започнатите теми во врска со исчезнатите и раселените лица, како и за економските односи.

Како што пренесуваат агенциите, иако не е постигнат задоволителен напредок во претходните три рунди експертски состаноци, според белградската делегација, медијаторите на ЕУ очекуваат разговорите за темите да бидат финализирани во сабота и недела, со цел на состанокот на 7 септември во Брисел меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти да се отворат три нови поглавја: позицијата на немнозинските заедници, меѓусебните побарувања и имотот.

Најавена е и забрзана динамика на преговорите во рамките на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, при што експертите ќе се состануваат на секои 10 дена, а лидерите на секои 20 дена. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close