0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Во бразилската лига заразени 151 фудбалери

По натпреварите во недела и понеделник, сите фудбалери беа тестирани и резултатите покажаа дури 151 позитивни случаи, поради што првенството веројатно ќе биде прекинато.

Сао Паоло, 11 август 2020 (МИА) – Новата сезона во бразилскиот шампионат започна минатиот викенд, иако во таа земја сè уште има огромен број луѓе заразени со коронавирус.

По натпреварите во недела и понеделник, сите фудбалери беа тестирани и резултатите покажаа дури 151 позитивни случаи, поради што првенството веројатно ќе биде прекинато.

Најтешка е ситуацијата во Коринтијанс, каде се заразени 23 играчи, односно практично целиот прв тим. Гојас има еден помалку заразен, а најмалку позитивни се во Брагантино и Атлетико Минеиро, кои имаат по еден заразен фудбалер.

Гојас, Коринтијанс и неколку други клубови со многу заразени дури и не играле овој викенд и скоро е сигурно дека следното коло закажано за четврток нема да се одигра. Засега нема вести за посериозни случаи и повеќето играчи не покажуваат никакви симптоми.

Бразил стана втора земја во светот по бројот на случаи на инфекција со коронавирус по САД. Бројот на заразени во таа земја надмина три милиони, а повеќе од 100.000 луѓе починале досега.

Таг
Back to top button
Close
Close