Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Бразил за еден ден регистрирани 39.483 новозаболени лица

Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство

Бразилија, 26 јуни 2020 (МИА) – Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Со тоа вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 1.228.114 лица, со што Бразил  е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на трето место.

Бразил е на второ место и по бројот на починати од последици од Ковид-19.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој од почетокот на пандемијата се сомнева во сериозноста на новиот коронавирус, изјави дека мисли оти е заразен, иако имал негативен тест и најави дека повторно ќе се тестира. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close