СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Во Бразил за еден ден инфицирани 67.860 луѓе со Ковид-19

Во Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 67.860 луѓе инфицирани со Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство

Рио де Жаниеро, 23 јули 2020 (МИА) – Во Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 67.860 луѓе инфицирани со Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во Бразил од последици од новиот коронавирус досега починаа 82.700 лица, додека вкупно заразени се 2,2 милиони луѓе.

Светска здравствена организација во петокот соопшти дека епидемијата со Ковид-19 го достигна врвот во Бразил и оти властите треба да ја искористат можноста за сузбивање на ширењето на инфекцијата. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close