СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Во Бразил веќе има над 130.000 умрени од Ковид-19

Во последното деноноќие во земјата од Ковид-19 умреле уште 874 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина  130.396 лица, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Бразилија, 12 септември 20202 (МИА) – Во Бразил во последните 24 часа се потврдени нови 43.718 случаи на коронавирус, а со тоа вкупниот број на заразени сега достигна 4.282.164 лица.

Во последното деноноќие во земјата од Ковид-19 умреле уште 874 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина  130.396 лица, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Бразил се наоѓа на третото место во светот според бројот на заразени со коронавирус, веднаш по САД и Индија, и е на второ место во светот според бројот на смртни случаи, по САД. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close