Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Бразил над милион заразени и речиси 50.000 мртви од Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1.038.568, а од Ковид-19 починаа 49.090 луѓе, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Рио де Жанеиро, 20 јуни 2020 (МИА) – Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1.038.568, а од Ковид-19 починаа 49.090 луѓе, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Вчера беа регистрирани 1.206 нови смртни случаи, а поставен е нов рекорд по бројот на новозаразени, откако за еден ден беа потврдени нови 54.771 заразени..

Така, Бразил стана втора земја во светот што потврди повеќе од милион случаи на коронавирус и е на второ место во светот во однос на бројот на заразени и бројот на починати, по САД. Веќе четврти ден по ред бројот на починати е поголем од 1.200, јави Би Би Си.

Експертите веруваат дека бројот на заразени е далеку поголем, а пандемијата во Бразил особено го погоди  најсиромашното и домородното население.

Претседателот Жаир Болсонаро смета дека вирусот корона не е многу опасен и го нарече „мал грип“, и во повеќе наврати се конфронтираше со државните гувернери и градоначалниците кои воведоа ограничувања заради борба против Ковид-19. Болсонаро смета дека економските последици од овие мерки ќе бидат полоши од самиот вирус. ссм/

Back to top button
Close
Close