Дописници МКДОпштински вести

Во болницата во Велес 21 заболен од Ковид-19, еден починат и еден оздравен

о Oпштата болница во Велес вкупно се хоспитализирани 24 пациенти, од кои 21 се потврдени позитивни на Ковид-19, двајца се сомнителни, а еден пациент кој имал негативен брис е задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум пациенти, информира портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.

Велес, 1 февруари 2021 (МИА) – Во Oпштата болница во Велес вкупно се хоспитализирани 24 пациенти, од кои 21 се потврдени позитивни на Ковид-19, двајца се сомнителни, а еден пациент кој имал негативен брис е задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум пациенти, информира портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.

Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. На Инфективно одделение има 22 пациенти, а на Интерното одделение двајца пациенти.

Починат е еден пациент на 72 – годишна возраст од Велес, кој шест дена е лекуван на Интерното одделение. ад/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close